Категории

Не е IQ: Научниците открија која е најважната особина за успех

А не е ни талентот …

Упорноста е особина која што го „одредува“ успехот, покажа новата студија спроведена од Воената академија „Вест Поинт“ во Америка. Ова истражување открило дека упорноста е клучна особина кога станува збор за успешно завршување на тренинзите – и ниту предходниот успех на училиште или физичка подготвеност не биле толку силен показател како упорноста.

Тим научници од Универзитетот во Пенсилванија, кои работеле на ова истражување, велат дека упорноста за успех и е многу поважна од IQ, затоа што токму оваа особина им помага на луѓето да останат решителни и да одат кон својата цел  и покрај пречките и неуспесите.

Воениот психолог, д-р Мајкл Метјус објаснува дека упорноста е важна особина затоа што луѓето кои ја имаат непоклебливо и неуморно ја „бркаат“ својата долгорочна цел и токму тоа им помага на крајот да успеат.

Анализирајќи ги податоците собрани од 11.200 питомци во текот на повеќе од една деценија, научниците откриле дека решителните луѓе, оние кои не се откажале пред пречките и неуспехот, имаат 54 проценти поголема веројатност да ја завршат обуката.

Успехот на разните тестови, како и физичката подготвеност, од друга страна, не биле индикатори за кадетскиот успех.

Научниците истакнуваат дека ова не е точно само во случајот на кадетите, туку дека упорноста е клучна за успехот каква и да е вашата цел.

Прегледи:
428
Објавено на:
11.11.2019