Сигурно ви се случило кога ќе отидете на гости, сите присутни да навалат на вашето дете. Го допираат и бакнуваат по лицето и по рачињата, кои после тоа, бебето ги става во уста. Некои дури им ги зимаат прстињата па им ги ставаат во своја уста или својот прст го ставаат во бебешката. Обидете се на дискретен начин да им дадете до знаење да не го прават тоа – ако воопшто помогне!
Затоа Вам единствено ви останува директно да ги предупредите на однесувањето бидејќи бебешкиот имунолошки систем не е развиен, па тоа е повеќе склоно на инфекции, а вие ќе бидете тие кои ќе се грижат за него и кои ќе го носите по доктори.
Затоа педијатрите потенцираат дека бебињата не треба да ги бакнувате, па дури ниту во глава или нозете, а ако сакате веќе да го земете бебето, обавезно пред тоа измијте раце.
– Бебињата не треба да ги бакнува никој освен родителите. Единствено со нивната кожа бебето е во секојдневен контакт. Секој од нас на своите усни носи бактерии, а плунката содржи и до 500 различни врсти на микроорганизми кои на бебешкиот, слабо развиен имунитет, може да му создадат различни компликации. Најобичното лабело или карминот може да предизвикаат црвенило или осип на кожата бидејќи бебето може да биде алергично на некој од состојките од карминот/лабелото.
Значи, никако немојте да дозволите да го допираат вашето бебе по лицето и рацете, кои тоа постојано ги става во уста и гледајте рачињата секогаш да му бидат чисти, советуваат педијатрите.