Категории

Не ги правете овие грешки за фармерките да ви траат подолго

Овие грешки предизвикуваат деформирање и оштетување на фармерките… А добри фармерки кои совршени ви стојат не е лесно да пронајдете, затоа чувајте ги.

Преполнување на џебовите

Џебовите на фармерките се предвидени за да ставите нешто ситно во нив, на пример марамче или пари. Но, многу луѓе ги заменуваат џебовите на фармерките со торба па затоа ставаат се во нв – телефон, клучеви, цигари, запалка… На тој начин, освен што ќе го изгубат обликот, исто така ќе се излижат, па понатаму тоа ќе се претвори во дупка која се проширува.

Премногу често перење

Што почесто ги перете, фармерките избледуваат и стануваат се потенки, па поради тоа и склони на пукање, особено на деловите кои се под одреден напор, на пример на колениците. Стручњаците велат дека е правилно фармерките да се перат на секои две до три недели, нормално ако не се видливо валкани.

Перење на превисока температура

Многу луѓе ги перат фармерките на повисока температура од потребното. Високата температура ја уништува структурата на фармерките, па поради тоа го менуваат обликот. Исто така потребно е да користите детергент за обоена ткаенина. Идеално би било да ги перете на рака.

Агресивно отстранување на дамки

Тоа е голема грешка, бидејќи на местата каде што се обидувате да ја извадите дамката исто така ќе ја извадите и бојата на фармерките. Наместо тоа, извадете ја дамката нежно – со соодветно средство. На пример, врз масните дамки ставете детска пудра и оставете ги така неколку часа за да се впие маснотијата.

Чување на закачалка

Ако сакате да го зачувате обликот, исперете ги и ставете ги во плакарот после перењето и сушењето. Избегнувајте да ги оставате на закачалка бидејќи тие ќе се издолжат од сопствената тежина во комбинација со гравитацијата или ќе ја променат својата форма.

Прегледи:
456
Објавено на:
11.12.2017