Категории

Не го прескокнувајте појадокот: Еве што јаде Меган Маркл за појадок

Актерката и невестата на принцот Хари, Меган Маркл, во секое издание изгледа феноменлано. Висока е 171 цм, а има само 50 килограми. Нејзината фигура за многумина е идеална, а ова е нејзината тајна!

Таа редовно посетува јога часови, но најважно – се придржува а одредена исхрана. Меѓутоа, често знае да се почести со чаша вино и омилениот помфрит.

Меган го следи златното правило на правилната исхрана: по будењето, пие чаша топла вода со лимон. Тоа му помага на телото да се разбуди и да се наполни со енергија. Овој стандарден ритуал го практикуваат моногу познати личности.

 

Меган никогаш не го занемарува појадокот. За ручек, јаде салата и малку протеини, месо, риба, скара без масло, а за вечера – паста или бифтек со сос од тиквици со низок степен на калории.

Инаку, Меган обожава да готви. Дури има и посебен рецепт за овој сос: тиквиците ги сече на коцки и ги загрева во тавче, без масло. Кога се тиквиците пропржени и меки користи блендер и добива сос кој го комбинира со сите производи или поединечно го јаде како посебен оброк.

Ова е нејзиното дневно мени:

Појадок: овесна каша со банана и мед или јаворов сируп или пудинг со чија семе.

Ручек: салата од зеленчук и парче риба (месо) или грав.

Ужина: едно зелено јаболко, бадеми или зеленчук и овошје.

Вечера: тестенини со тиквици и пармезан и чаша црвено вино.

Во нејзиниот фиржидер секогаш има хумус, морков, бадемово млеко и пилешко. Меѓутоа, кога има друштво ужива во помфрит и неограничена количина на морски плодови, а исто така пие и милкшејк. Сепак, ова го практикува само понекогаш.

Без обзир што понекогаш се опушта и ужива в омилената храна, Меган со години има иста тежина.

Прегледи:
460
Објавено на:
02.04.2018