Категории

Не го ризикувајте вашето здравје! 5 највалкани предмети кои ги допираме секојдневно

Сите се плашат од болестите кои се пренесуваат преку фекалиите, но даските на ВЦ шолјите најчесто се најчистиот дел од тоалетот бидејќи најчесто ги чистиме. Ако се прашувате кои се најчесто користените секојдневни предмети кои се највалкани, тоа ќе ве натера да размислите кои се нештата кои ги занемарувате при чистење.

Пешкири

Бактериите сакаат да растат на мокри, влажни места. Пешкирите се направени да впиваат вода, што е добро за сушење на кожата, но не е толку добро кога станува збор за собрањето на бактерии. Повеќето луѓе не ги мијат рацете како што треба.

Имено, кога се бришеме со пешкирот ги оставаме бактериите во идеално опкружување да се развиваат, а повеќето луѓе ги перат пешкирите еднаш неделно или еднаш во две недели. Пешкирите би требало да се перат два дена по користењето.

Четка за заби

Вториот извор на бактерии е местото каде што ги чуваме четките за заби. Според извештајот на јавната здравствена организација NSF International од 2011. година, откриено е дека 27% местото каде што ја чуваме четката за заби е комфорна зона за бактериите, семејство на микроорганизми кои предизвикуваат разни болести, вклучувајќи салмонела и Е. коли.

Сунѓер за садови

Во кујната тој е здравствен непријател број еден. Сунѓерот е највалканиот предмет во вашиот дом. На него живеат милион бактерии. Научниците откриле дека 75% од сунѓерите за миење садови содржат колиформни бактерии.

Мобилен телефон

Кога станува збор за работите кои најчесто ги допираме, мобилниот телефон е рај за бактерии. Истражувањата откриле дека еден од шест телефони е контаминиран со фекални материи, а едноставно бришење со крпа и дезинфекциско средство е доволно за да се исчисти потполно.

Количките во супермаркетите

Кога излегувате од дома, внимавајте на количките во супермаркетите. Речиси сите колички претставуваат дом на Е. коли, идејќи луѓето секогаш ги допираат рачките откако допирале сирови прехрамбени производи. Кесите за повеќекратна употреба исто така се прилично валкани бидејќи речиси никогаш не ги переме.

Најважно од се, за да се заштитите од бактерии е да ги дезиницирате своите раце откако напуштате некој јавен простор. Повеќето луѓе насобираат бактерии надвор од својот дом. Затоа, редовно и темелно мијте ги своите раце.