Живееме во време кога луѓето брзаат да се заљубат.
Ги сведуваме врските на физичка конекција наместо на емоционална.
Се принудуваме себеси да ни се допаѓа некого само за да не останеме сами.
Се задоволуваме со помалку од она кое би ги задоволило нашите желби и потреби.
Престани да ја бараш љубовта, дозволи и таа да те пронајде тебе. Најдобрите нешта во животот се оние за кои вреди да чекаш а љубовта е токму една од нив.
Понекогаш се случува преку ноќ а понекогаш се потребни години но мораш да се научиш на трпение.
Научи да се сакаш себеси за да не мораш да го бараш тоа од некој друг за да се чувствуваш комплетно.