Сите барем еднаш сме го доживеале ова сценарио: среќно и задоволно се возиме без било какви грижи, кога наеднаш се вклучува ламба за резерва на горивото во автомобилот. Во момент почнува да ве облева студена пот и низ главата ви поминуваат најлошите сценарија дека возилото ќе застане среде најгустиот сообраќаен метеж.
Меѓутоа, имаме добри вести за вас. Немојте да кревате паника кога во автомобилот ќе се вклучи ламбичка која ве предупредува дека е крајно време да го наполните резервоарот. Проценувајќи според податоците од “Your Mechanic” голем број возила имаат во резерва повеќе гориво од што се очекува, сосема доволно за да стигнете до прва бензинска постојка.
Пред вас е пописот на најиздржливите модели на автомобили и колку далеку со нив можете да дотерате откако ќе се вклучи ламбичката за резерва на горивото.
- Ford F-150 – 48 до 128 км
- Tojota Kamri – 104 до 146 км
- Tojota Korola – 96 до 135 км
- Honda Akord – 112 до – 149 км
- Honda CR-V – 99 до125 км
- Honda Sivik – 94 до 128 км
- Ford Fusion – 56 до 128 км
- Ford Escape – 56 до 128 км
- Tojota RAV4 – 91 до 119 км
- Nissan Rogue – 125 до 159 км
- Hjundai Elantra – 48 км
- Ford Eksplorer – 56 до 128 км
- Ford Fokus – 56 до 128 км
- Hjundai Sonata – 48 км
- Jeep Cherokee – 106 до 149 км
- Nissan Sentra – 96 до 128 км
- Jeep Wrangler – 75 до 93км
- Jeep Grand Cherokee – 106 до 144 км
- Tojota Takoma – 101 до 120 км
- Kia Optima – 48 км
- Tojota Highlander – 83 до 115 км
- Kia Soul – 48 км
- Toyota Sienna – 86 до 120 км
- Nissan Versa – 128 до 167 км
- Volkswagen Jetta – 91 до 136 км
- Honda Pilot – 72 до 99 км
- Ford Mustang – 56 до 128 км
- Tojota Tundra – 96 до 115 км
- Tojota Prius – 122 do 130 км
- Hjundai Santa Fe – 64 км
- Kia Sorento – 64 км
- Ford Transit – 56 до 128 км
- Mazda 3 – 111 до 151 км
- Mazda CX-5 – 107 до 146 км
Експертите предупредуваат дека не треба да се оди во крајност и максимално да се тестира издржливоста на автомобилот кога ќе свене ламбичката за резервоар. Наместо тоа, искористете можност и што е можни побарајте најблиска бензинска постојка за да непречено можете да го продолжите вашето патување.
Извор : Македонија денес