Категории

Не ми треба маж за да бидам СРЕЌНА!

Девојки, што не е во ред со нас, зошто секогаш кога ќе не откачи некое момче, веднаш помислуваме дека проџлемот е токму во нас?

Ние сме прекрасни, а штом тој некој не го забележал тоа, сигурно проблемот е во неговата глава и диоптер наместо во нашата психа.

Премногу размислување, анализа на секој детал од времето поминато заедно, помислување на тоа дека сме направиле некоја грешка или сме кажале нешто што не треба се само неколку од работите кои ги правиме откако момчето ќе не откачи без да ја знаеме вистинската причина.

Ветил дека ќе се јави, но не се јавил. Па, што? Секогаш гледајте ја позитивната страна, можеби го удрила кола или го изгубил бројот.

Иако ја знаеме вистинската страна, онаа негативната нема потреба истата да ни го преокупира мозокот со глупави предрасуди за себе, бидејќи девојки знаете што, нас не ни треба маж за да бидеме среќни!

Да, добро слушнавте.

Можеби е убаво да најдете некого кој ќе сака старомодната врска како и вас, но додека тој вистинскиот се појави, бакнувајте жаби и смејте им се во лице поради тоа што никогаш нема да станат ваши принцови.

Кога ќе се појави вистинскиот принц, вие ќе го препознаете, верувајте ми.

1 2

Прегледи:
949
Објавено на:
28.03.2016