Категории

Не ми треба маж за да бидам СРЕЌНА!

Можеби и јас го немам пронајдено се уште, но верувам во сродна душа и вистинска љубов до крајот на вечноста, а идиотот кој не се јавил сигурно нема да ми го пружи тоа бидејќи нема потенцијал и капацитет за принц.

Верувајте и вие, бидете среќни. Никогаш не ја губете надежта, само поради некој идиот кој своите фрустрации од пропаднатата врска со бившата одлучил да ги истура врз вас со тоа што си мислел дека ќе ве искористи и нема да ви се јави повторно.

Таквите нема да завршат славно во животот бидејќи наместо да го отворат срцето и да го исполнат со љубов, оставаат омразата кон женскиот пол само поради една гуска да ги затруе.

Вас не ви трба само маж кој ќе ве направи среќни. Вие можете да бидете среќни и сами, се додека не најдете вистински маж кој ќе ви докаже дека сепак љубовта постои!

Моника

1 2

Прегледи:
950
Објавено на:
28.03.2016