На вашата среќа, неодамнешно истражување откри брз и делотворен начин на кој може да се ослободите од вишокот килограми, кој воопшто не подразбира промена во вашата исхрана.
Едноставно ограничете го внесувањето на храна на период од 10 до 12 часа. Со други зборови, доколку сте појадувале околу 8 часот, погрижете се вашиот последен оброк да биде помеѓу 18 и 20 часот.
Како делува оваа метода?
Истражувачите во оваа студија најпрво ги набљудувале навиките на своите испитаници и откриле дека поголемиот дел од нив внесуваат храна во текот на 15 часови, што е речиси цело време додека се будни. Но, кога тие го ограничиле внесувањето на храна на 10 до 12 часа (без промена во исхраната), во текот на 16 недели изгубиле во просек 3 килограми, имале повеќе енергија и спиеле подобро. Најдобро од се, тој ефект траел една година!
Наједноставното објаснување гласи:
Ако го ограничите периодот во кој јадете од 3 до 5 часа, на крај ќе внесете помалку храна бидејќи порано сте престанале да јадете. Доколку навечер додека гледате телевизија честопати посегнувате по кексите и останатите грицки, со избегнувањето на храна по 20 часот ќе ги елиминирате празните калории и наглите промени во нивото на шеќер во крвта кои го предизвикуваат слатките и чипсовите. Исто така, продолжувањето на периодот во кој не внесуваме храна во текот на ноќта, позитивно влијае на биоритамот, со што ќе се подобри и вашиот сон и метаболизам.