Категории

Не мораш да бидеш совршен за да заслужиш некој да те сака

Можеби понекогаш се прашуваш како некој воопшто би сакал да биде покрај некој како тебе, некој кој воопшто не е лесен..
Секој има свои светли и мрачни страни. Секој е повреден и води свои борби. Секој понекогаш се чувствува изгубено и има носи товар од минатото со себе.
Тие тешки парчиња мораат да бидат дел од тебе но тие не те сочинуваат во целост, ти си многу повеќе од тоа. 

Не мораш да бидеш совршена за да заслужиш љубов. Можеби понекогаш се прашуваш како некој воопшто би сакал да биде покрај некој како тебе, некој кој воопшто не е лесен. Некој кој носи толку многу мрак во себе и сеуште не го пронашол својот излез.
Но вистината е таа – никој не е лесен и никој не е светлина во потполност.

Секој има свои светли и мрачни страни. Секој е повреден и води свои борби. Секој понекогаш се чувствува изгубено и има носи товар од минатото со себе. Тие тешки парчиња мораат да бидат дел од тебе но тие не те сочинуваат во целост, ти си многу повеќе од тоа.
Ти си повеќе од болката која ја носиш, имаш многу повеќе да понудиш отколку твоите рани, и оние вистинските луѓе го знаат и го гледаат тоа.

Тешките мигови во твојата приказна не те прават несоодветна и лоша личност. Тие те прават човек. Не е потребно да бидеш епитом на ментално и физичко здравје за да заслужуваш некој да биде покрај тебе. Она што треба да бидеш е само да си човек. Да бидеш посветен на своето растење и учење, и да се стремиш да станеш потполен. Да бидеш подготвен на трпени еи разбирање. Да вложуваш време и напор во себеси да се издигнеш над својот хаос.

Можеш да бидеш тешка личност и сепак да заслужуваш љубов. Можеш да се чувствуваш изгубено, но секогаш ќе има некој кој ќе ја цени твојата личност онаква каква што е.
Доволно е само да бидеш реална и вистинска, затоа што доколку се криеш себеси позади маската на совршенството, кога таа ќе падне никој нема да сака да биде вљубен во нешто што не постои.

Прегледи:
537
Објавено на:
02.09.2020