Категории

Не можеш да ги натераш да те сакаат, но можеш да им покажеш што изгубиле

Болно е кога луѓето не ја забележуваат твојата добрина и обидите да им помогнеш и да ги направиш среќни. Особено боли кога тоа истото доаѓа од најсаканите луѓе.

Сите ние во животот сме имале личност за која сме правеле се` за само таа да биде среќна, без разлика дали е тоа пријател, љубовник, родител, брат, сестра, личност која нам многу ни значела, но на жалост ние на неа, не.

Ви зборувам за тие луѓе, толку блиски, а сепак далечни.

Правиме се` за да ги усреќиме, понекогаш одиме против нас и нашите желби за тие да бидат задоволни, но и тоа не им е доволно.

Неблагодарни, себични.

Ете таквите луѓе да избегнувате, бидејќи не ве заслужуваат вам и вашата љубов.

Не можеш да ги натераш да те сакаат, но можеш да им покажеш што изгубиле. Еднаш ми кажаа дека сум била многу добродушна, затоа и сум страдала.

Вистина е, да бидеш добар во овој свет, покрај се повеќе злобни и подмолни луѓе е доблест и лудост.

Сепак јас ќе кажам, правете добри дела и ширете љубов, постојат луѓе на кои тоа им е потребно.

Само бидете претпазливи кои луѓе ќе го добијат тоа богатство.

Д.

Прегледи:
892
Објавено на:
20.02.2020