Категории

Не можете да пронајдете љубов? – Можеби правите некоја од овие грешки

Дали постои вистинска љубов и добар партнер за вас? Одговорт е дека тој сигурно постои но вие преку негативните мисловни обрасци не дозволувате љубовта да го исполни вашиот живот. Искуствата покажуваат дека потрагата за соодветен партнер и искрена љубов може да трае долго и да изгледа безнадежно, како трагање по игла во сено.

Ви претставуваме список од 4 нешта кои ве ограничуваат да пронајдете вистинска љубов.

Барате совршенство
Склони сме да сонуваме и физуелизираме многу нешта во животот, па така и партнер. Многумина сонуваат за неговиот физички изглед, боја на очи и градба а други за неговите особини и карактерни црти. Често кога ќе ги споите овие нешта добивате идеален партнер. Но дали таквата личност вистински постои? Дали трагањето по господинот совршен е ризично? Визуелизацијата и фантазијата не опуштаат, ни помагаат да испратиме вистинска енергија во Универзумот, но таа љубов може да биде токсична.

Односи без обврски како современ тренд
Се повеќе стануваат застапени врските без обврски и било каква одговорност, ветувања, посветеност и заклетва. Во забрзаното темпо на соврмениот свет и поимот љубов се посматра од повеќе агли отколку порано, а можно е овие воспоставени трендови на врски без обврски да бидат една од причините зошт сеуште не сте ја пронашле сродната душа.

Технологијата ја менува комуникацијата
Погледнете околу себе во рестораните, трговските центри и градскиот превоз. Ќе видите бројни луѓе кои голем дел од времето го поминуваат гледајќи во својот мобилен телефон. Напредокот на технологијата, социјалните мрежи и интернет можат да бидат одлични и практични алатки за живот ан секој поединец, но не смееме да изоставиме и заборавиме на моќта на традиционалната комуникација.
Комуникацијата во очи е пресудна за запознавање на личностите, само со ваква средба можете да видите и креирате вистинска љубов.

Бирате лоши врски наместо осаменост
Љубовта доаѓа кога најмалку се надевате. Преминувањето од еден неоснован токсичен однос во друг само поради бегство од самотија не е решние ни добар пат кон љубовта. Наместо да влегувате од еден во друг однос и да доживувате нови разочарувања, посветете се на себеси. Задоволете ги своите потреби, пружете си љубов на себеси и не заборавајте да ги анализирате своите емоции. Кога себеси ќе си пружите нежност, вратите на љубовта ќе почнат да се отвараат во вашиот живот.

Прегледи:
734
Објавено на:
31.12.2020