Застани пред огледало, погледни се. Некому ќе му бидеш сѐ… Да сѐ, токму онаква каква што си. Не плачи. Не ти треба шминка и модерни парчиња облека. Жена си, насмевни се. Гледаш, веќе си поубава. Жените го освојуваат со насмевката, она што мажите не можат ни со оружје. Не плачи, не дозволувај на твоето убаво лице да се види презир, разочарување.
Не дозволувај тоа да ти ги исцрта брчките на лицето. Запомни, ти си жена за цел живот. Не за момент, за една ноќ. На некој друг маж ќе му бидеш сѐ. Некој друг маж ќе ти го покаже на дело сето она за кое претходните само зборувале. Некој друг ќе биде подобар. Ќе биде похрабар од него и ќе знае да остане. Не плачи, не си ти крива што само најдобрите умеат со тебе. Тоа е дар, од Бога… за да те спаси од сѐ што е лошо околу тебе.