Категории

Не размислувајте премногу!

Луѓето кои повеќе размислуваат при донесување одлуки имаат повеќе клетки во фронталната област на мозокот, односно во фронталните лобуси, но исто така се склони кон депресивни нарушувања.

Британски научници, чија студија е објавена во списанието „Сајанс“, откриле дека размислувањето при донесување одлуки влијае на големината на мозокот.

Сепак, истражувањето покажа дека прекумерното размислување за животот предизвикува депресивни состојби.

Група научници од Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL) побараа од 32 волонтери да кажат која од двете многу слични фотографии има посветло место.

Тогаш тие мораа да кажат на скала од еден до шест колку се сигурни во нивниот одговор. Испитаниците кои биле сигурни во нивниот одговор имале повеќе мозочни клетки во фронталниот лобус на мозокот, познат како предниот префронтален кортекс, кој е поврзан со многу мозочни и ментални нарушувања, како што е аутизмот.

Истражувачите досега го анализирале начинот на кој работи областа, додека луѓето донесуваат одлуки во реално време, но не и разликите помеѓу поединците.

Оваа студија е прва што покажала дека постојат разлики во големината на овој дел од мозокот во зависност од тоа колку луѓето размислуваат за своите одлуки.

Истражувачите се надеваат дека благодарение на новото знаење за овие видови на разлики, тие ќе можат да им помогнат на луѓето кои страдаат од ментални болести.

Сепак, тие истакнуваат дека прекумерното размислување не е секогаш добро затоа што во некои случаи може да доведе до депресија.

Прегледи:
588
Објавено на:
10.12.2020