Ако постои вистинско место за вљубен пар, тогаш тоа е сигурно Венеција.
Фотографијата како Џеј Ло и Бен Афлек пристигнуваат на Филмскиот фестивал во гондола го обиколи цел свет. Откако ја обновија својата љубов во мај оваа година, тие се нераздвојни и постојано се заедно.
Многумина зборуваат дека е можна веридба и венчавка бидејќи веќе никој не се сомнева во нивната љубов. Нејзиниот роденден во јули го прославија со крстарење на јахта, а сѐ почесто се појавуваат фотографии како парот страствено се бакнува во јавност.
За оваа пригода Џенифер Лопез носеше преубав женствен чипкан фустан, интересни сандали и очила.