Чудно е како постојат личности кои не привлекуваат иако не повредиле, личности кон кои сме насочени иако ни задале многу удари.
Мислата која често се јавува во ваквиот вид привлечности е поради помислата дека „можеби овој пат ќе биде поинаку“, „не е тој/таа навистина таков/таква или „јас ќе го/ја променам“. Кога зборуваме за личноста која веќе еднаш ве повредила, голема е веројатноста дека ќе го повтори тоа. Чудно е тоа како многу луѓе се уверуваат себеси и другите дека преку своите грешки и добиени удари научиле нешто, а потоа ги повторуваат уште многу пати.
Слободно признајте си на себе дека и овој пат нема да биде поинаку и прифатете го фактот дека не можете никого да промените. Бидете свесни дека секој од нас поставува различен редослед на приоритети како личност и ако некоја личност е на врвот на вашата листа од приоритети, не мора да значи дека и вие сте на нејзината. Подобро признајте си го тоа, се останато е забодување на главата во песок.
Емоционалната болка е многу покомплексна од физичката, таа може да трае, да се повторува до недоглед без да сфатите дека ви треба заштита и на крај станува причина за многу болести внатре во вашето тело. Нема смисла да се жртвувате за личност која за вас не би направила ништо. Со толеранција најмногу си наштетувате самите на себе. Бидете свесни за своите вредности и не дозволувајте никој да ве компромитира. Доколку не сакате да преземете ништо, тогаш немате право да се жалите на вашиот несреќен живот.