Категории

Не си Македонец ако немаш кеса полна со други кеси: Смешни навики на нашиот народ

Сигурно ќе се препознаете барем во една од овие навики, кои се навистина смешни и неверојатно точни. Да се насмееме на наша сметка…

Ајде да видиме дали ќе се пронајдеме:

1. Не си Македонец ако дома немаш кеса полна со други кеси.

2. Не си Македонец ако немаш барем еден роднина со кои твоите родители не разговараат.

3. Не си Македонец ако промајата не е главен виновник за сите твои болести.

4. Не си Македонец ако барем еднаш не си правел ајвар пред зграда или во двор.

5. Не си Македонец ако во твојот дом ракијата не служи за: пиење, болест, чистење…

6. Не си Македонец ако дома немаш калчинки кои ги плетела баба ти.

7. Не си Македонец ако далечинскиот управувач не ти е залепен со селотејп.

8. Не си Македонец ако немаш стотина батерии од кои ниту една не работи.

9. Не си Македонец ако немаш барем едно тавче без дршка.

10. Не си Македонец ако немаш цела збирка на плочи и стари касети, кои стојат и фаќаат прашина.

Прегледи:
907
Објавено на:
07.05.2016