Научниците пронајдоа врска помеѓу нездравата храна и лошиот сон
Личностите кои имаат лош сон конзумираат повеќе нездрава храна и слатки, тврдат научниците. Спроведената студија во која учествувале 29 жени и мажи во доба од 18 до 40 години, биле поделени на две групи. Едната група прво нормално спиела, а потоа спиела смао четири часа. Другата група испитаници имале обратен биоритам, најпрво не спиеле а потоа спиеле нормално, вели The Sun.
Ден после дестот им биле понудени комплетни оброци, доручек, ручек и вечера, но истовремено и слатки. Резултатите покажаа дека луѓето кои не се наспале доволно, одбрале намирници како што се крофни, чоколади, кекс и чипс.
„Кога спиењето е скратено, одредени делови на мозокот не добиваат доволно информации. Тогаш телото сака да го надохнади тоа со изборот на храна со повеќе енергија“ рекол професорот и автор на истражувањето, Торстин Кант.