Категории

Не сум геј: Актерот Игор Стојчевски првпат зборува за приватниот живот

Актерот Игор Стојчевски, кој го игра ликот на Тони Бузалевски во „Преспав“, шест сезони успешно се носи со улогата на најмалиот брат во пансионот. Особено  препознатлив по своите европски сфаќања во серијата, глуми дека е во љубовна врска со готвачот Марио, кој го игра актерот Васил Зафирчев. Но, ова е само дел од сценариото, а кога ќе се исклучат камерите приказната е поинаква.

Игор е вработен во Драмскиот театар во Скопје. Професионален актер кој зад себе има бројни улоги во театарот и на филм.

Беше асистент по сценски движења и танци на ФДУ, а малкумина знаат дека е несуден електротехничар, кој за да не оди во војска, запишал една година на Машински факултет.

Во интервју за „Репортер“ тој првпат зборува за себе, за приватниот живот и за улогата на Тони, заради која некогаш мора да докажува дека приватно не е геј.

„Не сум чул негативни коматари директно, да ме застане некој и да ми каже. Не било проблем да одиграм каква било улога, па и геј двојка, ама не е тајна дека имам проблем кога луѓето приватно те поистоветуваат со улогата. Се случува да мислат дека сум геј, иако не сум. Неодамна еден мој пријател разговарал со една девојка, ме спомнале, па таа рекла, ама остај тој е геј, па мојот другар ѝ рекол, ама не, не е, слободно ќе те запознаам“, искрен е Стојчевски, кој првпат јавно зборува за себе.

Во разговорот ни откри дека и колегата Игор, кој го игра Коста, има проблем да ги убеди луѓето дека приватно не е како ликот. „Ама ако ме прашуваш кому му е потешко, веројатно мене, заради предрасудите. А, искрено моето минато зборува многу за мене и тоа не нешто со кое јас треба да се фалам или гордеам кога е во прашање изборот на партнерките. Ама сè во свое време, сега сум решил да се смирам затоа што некои работи ги надраснуваме и стануваме посвесни со годините. Иако, искрено, тешко се убедуваат луѓето и не знам што да направам за да докажам дека не е како што мислат“, вели Стојчевски.

Низ разговорот дознавме многу за него. Од детството во Тафталџе, до средното „Орце Николов“ и ФДУ.  Зборуваме за вредностите, семејството, родителите кои не сакале тој да запише глума, за охридските корени….Зборувавме за убавите времиња, носталгија по неговата генерација за која на шега вели: Скоро прочитав негде, нашава генерација уште комета не ја удрила и реално поминавме сè.

За сè она што му донесе „Преспав“ и колку ликот на Тони влијае на неговиот приватен живот, кој е Игор Стојчевски приватно, гледајте го интервјуто.

Прегледи:
529
Објавено на:
04.01.2022