Категории

Не верувајте на се што ќе прочитате: Овие совети се лоши за вашата врска!

Постојат многу лоши совети за врската, затоа најдобриот совет е… не верувајте на се што ќе чуете и прочитате! Иако е неосновано, перспективата на трета личност, може многу да ви помогне во разјаснувањето на вашиот проблем во врската, но исто така може да ве насочи во сосема погрешен правец.

 

Ова се некои од советите кои се погрешни:

1. „Намалете ги своите критериуми“ – Нема ништо погрешно во самодовербата и познавањето на своите квалитети и потреби. Важно е да бидете со некој кој ќе знае што сакате и ќе ве цени.

2. „Треба да го/ја промените“ – Важно е да знаете дека не можете да го промените карактерот на вашиот партнер за да ги задоволи вашите очекувања. Доколку се обидувате да промените се кај вашиот партнер, врската е тоа што не е во ред, а не партнерот.

3. „Никогаш не легнувајте налутени“ – Честопати наидуваме на совети дека не треба да заспиете додека не го решите проблемот со партнерот. Всушност, тоа не е страшно – преспивањето може да помогне да се смират страстите и утредента да разговарате со бистри мисли.

 

4. „Забавата не трае долго“ – Личноста со која ќе одлучите да го поминете својот живот треба да го подобри вашиот живот. Иако возбудата која е карактеристична за секој почеток ќе избледи, сепак забавата е дел од секоја среќна врска.

5. „Отвореното разговарање за проблемите во спалната соба може само да ги влоши“ – Комуникацијата е клучна во секоја врска: Не се фокусирајте премногу дали ќе ги повредите чувствата на партнерот, само бидете искрен и автентични.

6. „Спротивностите се привлекуваат“ – Истражувањата покажуваат дека ова е мит и дека всушност не привлекуваат луѓе кои се слични на нас. Не губете го времето на луѓе со кои немате ништо заедничко.

7. „Расправањето е нездраво“ – Расправањето е всушност добро за врската доколку и двете страни го прават тоа на правилен начин. Расправањето е нормално, несогласувањата треба да предизвикаат разговор помеѓу партнерите за да се дојде до заедничко решение на проблемот.

8. „Љубовта сама по себе е доволна“ – Идејата дека кога ќе ја запознаете вистинската личност се е едноставно, е далеку од вистината. Како и за секој друг успех во животот, потребно е труд и напорна работа.

Прегледи:
413
Објавено на:
23.04.2018