Категории

ПРОВЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (29 ФЕВРУАРИ-06 МАРТ, 2016)

Овен

Овен

И се препуштате на фантазијата кога станува збор за некоја нова работа со странци и верувате дека е можно да ги реализирате своите планови, особено со помош на еден Бик, Рак или Стрелец. Некоја Водолија инсистира нешто да направите според нејзиното мислење, но бидејќи таа ви е слабост, таа нема потреба долго да ве убедува, подготвени сте да и излезете во пресрет. Еден Јарец смета на вас и не го нервирајте за да не дојдете до непријатна ситуација кога станува збор за продолжување на соработката.

Среќен ден: Сабота

Бик

Бик

Неделата ќе ја поминете размислувајќи како да стекнете признание од околината. Ви недостасува самоконтрола затоа дистанцирајте се од сe. Амбициозни сте, а сепак нереално ги проценувате сите ситуации и можности. Бидете внимателни, можете да бидете жртва на неуспех. Насочете се само на една работа и на неа концентрирајте се. Ќе запознаете интересна личност која ќе ви ја разбуди желбата за зборување.

Среќен ден: Среда

Близнаци

Близнаци

Сe натпреварувате и ги докажувате сопствените вредности. Сакате да ја убедите околината на некои свои замисли. Не можете да избегнете нервоза и покрај тоа што сте урамнотежени. Доколку размислувате за патување ќе ви биде полесно. Нема да можете да се сопрете ниту за минута и постојано ќе ви надоаѓаат креативни идеи за нови теми на разговор.

Среќен ден: Четврток

Рак

Рак

Во конфликтна ситуација сте, пред сe, со самите себеси. Свесни сте дека што и да направите ќе се каете, пред да донесете одлука добро размислете. Какво било решение е подобро од неизвесност. Исконтролирајте ги нервните напади. Разговор со личност која многу ја цените ќе ви ја зголеми самодовербата и ќе ве потсети да си придадете поголемо значење себеси.

Среќен ден: Понеделик

Лав

Лав

Не вртете се назад, имајте позитивни мисли ако сакате полесно да се справите со проблемите. Не преземајте конкретни чекори. Ако успеете да најправите добра стратегија ќе ги насочите активностите на адекватен начин. Добро ќе се чувствувате кога добрите резултати на крајот од неделата ќе ви донесат голема насмевка на лицето.

Среќен ден: Петок

Девица

Девица

Повеќето припадници на овој знак ги придвижува желбата за докажување и успех. И самите чувствувате дека се менуваат односите во деловното опкружување, а вие сте тука некаде дали со знаење, или со издржливост. Влеговте во еден подолг период кој ќе доминира и во наредните два месеци кога би требало да го остварите својот деловен сон. Повторно ви се дава можност да добиете подобро работно место или место на кое сте работеле и сте биле задоволни.

Среќен ден: Вторник

Вага

Вага

Ви претстои напорна работа но вие не се возбудувате многу за тоа бидејќи ви одговара чувството дека можете да се надминете дури и себеси и подготвени сте да влезете во многу комплицирана работа или да се приклучите во тимот на соработници кои имаат големи побарувања. Имате цел пред себе и сакате по секоја цена да го направите она што сте го планирале, без оглед на која возраст сте и со што се занимавате. Немате многу доверба во некоја Скорпија која често ве критикува.

Среќен ден: Недела

Скорпија

Скорпија

На некого сте му многу драги, тоа може да е една Вага која ќе ви предложи заедничка работа. Иако делувате отворени, всушност прилично сте таинствени кога станува збор за нов бизнис, друштвени врски и сл. Ве нервираат оние кои се сомневаат во вашиот успех, не губете непотребно енергија на нив. Финансиите во овој период ќе бидат вашата најслаба страна.

Среќен ден: Среда

Стрелец

Стрелец

Можете да остварите добра комуникација со оние кои се присутни во јавноста или со оние со кои често доаѓате во конфликт само ако го користите разумот како главно оружје, а не емоциите. Денес можете лесно да им поверувате на лицата кои себеси се презентираат во најдобро светло, но тие навистина се практични и рационални. Се обидувате да владеете со една прилично напната ситуација и не ви е јасно дали треба да настапите строго или да бидете помеки.

Среќен ден: Вторник

Јарец

Јарец

Денес ќе забележите колку луѓе сакаат да бидат пријатели со вас. Тоа ќе биде така поради вашата способност за слушање кога некој зборува. Отворени сте кон туѓите идеи и не се навредувате дека некој пат никој не ги слуша вашите. Искористите ја вашата интуиција за да забележите кој меѓу луѓето има потреба од прегратка и утеха.

Среќен ден: Петок

Водолија

Водолија

Со многу ентузијазам пристапувате  во решавањето на практичните проблеми особено ако деловниот партнер ви ветил дека дел од обврските ќе ги преземе тој. Тој можеби очекува од вас да бидете малку понеодговорни, затоа дадете му на знаење дека тој може да смета на вас. Немојте премногу да се трудите да покажете дека сте подготвени да соработувате со некој со кој до скоро не сте биле во добри односи, бидејќи некој едвај чека тоа да се случи.

Среќен ден: Недела

Риби

Риби

Наредните денови може да донесете непромислени одлуки и да одите со глава низ ѕид. Најлошо од се е што околината има последици од вашето непромислено однесување. Соработниците тешко го следат вашето темпо. Амбициозни сте и растрчани на сите страни. Избегнувајте конфликтни ситуации со колегите, бидејќи вие ќе загубите.

Среќен ден: Четврток

Прегледи:
449
Објавено на:
28.02.2016