Категории

Недостатокот на сон доведува до дебелеење – Ново истражувачко откритие

Ноќ помината без спиење може да се претвори во вишок килограми.

Америчкото здружение за биохемија и молекуларна биологија објави необична студија во која открило дека недостатокот на сон може да биде сериозна причина за дебелеење.
Во експериментот учествувале 15 здрави млади луѓе. Во почетокот поминувале цела недела во своите домови релаксирајќи се, а во наредните 10 рабони дена спиеле не повеќе од пет часа (имитација на работна недела).
Како дел од експериментот за вечера, учесниците добивале храна со висок удел на масти, но после недостатокот на сон се чувствувале поалку задоволни после јадењето.
Со цел да биде следен ефектот на недостатокот на сон на метаболизмот, учесниците давале примерок на крв.
Анализите покажале дека недостатокот на сон негативно влијае на липидите во метаболизмот после јадењето.

Имитацијата на работната недела завршила со „викенд“ кога доброволците можеле да спијат 10 часа за да го обноват телото.

Метаболизмот на мастите бил малку подобар, но не бил вратен на почетното ниво.
Истражувањето покажало како телото се справува со абсорпцијата на масти во периодот на недостаток на сон.
Недостатокот на сон води до зголемување на телесната тежина – не само до зголемена глад, туку и до успорување на брзината на согорувањето на калориите.
Додека зголеменото време на спиење може нормално да го спречи дебелеењето.

Резултатите се поврзани со друго истражување кое објаснува зошто недостатокот на сон предизвикува личноста почесто да конзумира нездрава храна.
Швајцарските научници порано докажаа дека дури една ноќ помината без спиење го успорува метаболизмот следното утро, намалувајќи ја потрошувачката на енергија за дишење и варење, за 5-20% во споредба со податоците добиени утрото после добриот сон.

Прегледи:
566
Објавено на:
10.05.2020