На Инстаграм и сличните апликации постојат ефекти кои го разубавуваат вашето лице и го прават „совршено“.
Меѓутоа, „Lil Miquela“ е девојка која со својот изглед го привлекува вниманието на социјалните медиуми и на речиси милион следбеници. Едни велат дека изгледа совршено, други мислат дека изгледа како робот од иднината, а трети тврдат дека таа всушност не постои и дека е компјутерски направена.
Лил наводно има 19 години, а често се слика во Лос Анџелес и на својот профил се бори за правата на жените, емигрантите, Афроамериканците…
Правата вистина е дека се работи за виртуелен модел, кој има голема улога дури и во индустријата во високата мода.