Официјално е. Сега сум баба, објави поранешната манекенка која многумина ја паметат по реченицата: „Не се будам за помалку од 10.000 $ дневно“. Поќерката на Линда Еванџелиста, Роксен, стана мајка на прекрасно момче.
Поранешниот топ модел, Линда Еванџелиста (52) во овие празнични денови има причина за славење. Таа се пофали на друштвените мрежи со информацијата дека стана баба на прекрасно момче.
Многумина ја сметаа за една од најубавите жени во светот. Пред неколку месеци е снимена додека шетала во Њу Јорк, а изгледала речиси непрепознатливо. Инаку, Линда е мајка на 11 годишниот син Аугустин Џејмс.