Категории

Некогаш продавала овошје на пазар а денес е мулти милијардер

Наталија Водјанова е родена во 1982 година во Горки, Русија во многу сиромашно семејство. Растела со две полусестри, Кристина и Оксана, од кои едната се разболела од церебрална парализа.

Татко им ги напуштил кога Наталија уште била многу мала, кога имала само неколку години. За да преживеат, Наталија, нејзината мајка и здравата сестра продавале овошје и зеленчук на пазар и речиси сите пари ги давале за лекување на болната сестра.

Тешкиот живот за Наталија траел додека наполнила 15 години. Тогаш во една прилика, токму на тој пазар, ја забележал агент од една модна агенција кои и го променил животот.

natalija02

Започнала да работи во руска модна агенција а за само две години успеала да ја заинтригира светската модна сцена и се преселила во Париз кога наполнила 17 години.

За многу кусо време таа станала еден од најбараните и најплатените модели. Милионски договори, насловни страници на „Вог“, заштитно лице за „Гучи“, „Прада“, „Шанел“, „Версаче“, „Хуго Бос“… и успеала да заработи 20 милиони долари.

Подоцна се омажила за милијардерот Џастин Портман, со кој има три деца. Нивната љубов често е истакнувана како модерна бајка, со оглед на тоа што тој е богаташ од благородничко потекло, а таа од сиромашно семејство.

natalija03

Сепак, после девет години брак Наталија одлучила да се разведе со Џастин.

– Се чувствував како стара износена чанта. Се однесуваше како да се срами од мене. Многу лошо ме третираше, а кога разводот конечно стапи на сила, отидов на рехабилитација од се`. Кога после некое време ја слушнав, ми рече дека воопшто не и` недостасуваме јас и семејството и дека не и паѓа на памет повторно да бидеме семејство – изјавил Џастин.

И додека нејзиниот поранешен принц на бел коњ тагувал, Наталија започнала врска со Антоан Арнолт, кој исто така е милијардер. Со него добила и четврто дете, а моментално е бремена и го чека своето петто дете, односно второто дете со Антоан.

natalija04

Прегледи:
467
Објавено на:
18.05.2016