Категории

Неколку начини кои ќе ви помогнат да го промените вашиот живот на подобро

Некогаш се наоѓаме на одредена точка во животот кога ни е доста од она што сме го правеле или сме го имале до сега и добиваме желба за нешто подобро, покорисно и поефективно.

Постојат многу начини кои можат да ни помогнат да дојдеме до она што го посакуваме, а ние ќе ви предложиме неколку од нив:

Медитација

Ако силно посакувате да го промените својот живот, зачекорете во моќта на медитацијата.  Медитацијата е една од стратегиите за самопомош со која се доаѓа до видливи резултати. Тоа е така затоа што медитацијата озвоможува луѓето да го прочистат својот ум од негативните мисли.

Ставете крај на нездравите врски

Кога еднаш ќе одлучите да го промените својот живот за 3о дена, бидете сигурни дека треба да ставите крај на нездравите врски. Во повеќето случаи луѓето не ги забележуваат своите потенцијали затоа што се постојано опкружени со негативни луѓе.  Ако знаете дека имате некој во вашиот живот кој постојано ве деградира, пронајдете сила во себе за да ја доведете врската до крај.

Развијте цели

Поставувањето и развивањето на цели всушност ја докажува индивидуалната самопочит и токму заради тоа луѓето кои одлучиле да го сменат својот живот на подобро треба да допрат до моќта на редовно креирање и остварување на целите.

Јога

Честопати јогата е модел на вежбање кој го зголемува нивото на живеење од просечно до неверојатно. Тоа е така затоа што јогата значително ја зголемува свеста за телото и за умот и со нејзиното будење кај поединците за нешта како што е на пример звукот на сопствените отчукувања на срцето тие често се соочуваат со одлични резултати затоа што се учат да го контролираат својот физиолошки систем или пак да продрат до подлабока фаза на себесакање и себепочитување. Едни од многуте придобивки на јогата се и зголемениот имунитет и понискиот крвен притисок.

Пишувајте дневник

Кога веќе ќе се одлучите да го промените својот живот на подобро, започнете со пишување на дневник. Пишувањето ви помага на тој начин што негативните емоции ќе ги исфрлите врз парче хартија истовремено ненаштетувајќи им на луѓето околу вас. Исто така ќе забележите дека низ водењето дневник ќе дојдете до поголемо себеспознание, а тоа се должи на сознанието дека во дневникот го запишувате сето она за кое не би можеле да позборувате гласно или пред некого. Од друга страна со пишувањето почнувате да размислувате на малку поинаков, покреативен и критичен начин.

Направете  “to do“ листа

Доколку сакате да го промените својот живот треба да стекнете навика да правите дневна задача. Ова претставува успешна стратегија која многу луѓе ја искористиле за да станат поорганизирани во нивниот личен или професионален живот.  Моќта на овие листи е двојна: најпрво можете да видите кои активности се најважни, да ги поставите како приоритет и да ги извршите, а потоа секоја извршена активност да ја пречкртате. Со тоа имате преглед и не настанува конфузија дали е извршено сė што ви било замислено за остварување во текот на престојниот ден.

 

Прегледи:
516
Објавено на:
30.06.2018