Категории

Неколку особини на совршениот маж

Со сигурност можеме да кажеме дека “Господин Совршен“ постои само треба да се обидете да го пронајдете.

Во прилог во нудиме неколку особини за полесно да го препознаете кога ќе наидете на него.

# Ве подржува…

Во се што ќе посакате. Ако му кажете дека сакате да станете пилот, тој ќе ве подржи (секако подоцна ќе се обиде разумно да ви објасни поради што тоа во моментов е невозможно). Вистинскиот маж и дава поддршка на својата жена, па затоа таа покрај него се чувствува како да се е возможно.

# Знае да си игра со деца…

Маж кој знае како да му пристапи на дете, наместо да гледа збунето во него, сигурно ќе биде добар татко. Без разлика дали сакате дете или не, убаво е да знаете дека покрај себе имате маж кој не заборавил дека и сам некогаш бил дете.

# Вешт е со рацете…

Не значи дека треба да знае да направи авион од нула, но не е лошо да може да направи нешто повеќе од тоа да смени сијалица.

# Има манири…

Иако многумина сметаат дека џентлмените се минато, грешат. Тоа е нешто што е секогаш во мода, а маж кој ќе ви ја отвори вратата од автомобилот, кој ќе го потргне столчето за да седнете и кој ќе ве испрати до дома е многу подобар од оној кој тоа не го прави.

# Ве слуша…

Не само кога зборувате за него и кога го фалите, туку ќе запамти што сакате, кога ви е роденден, која ви е омилена песна…

Прегледи:
630
Објавено на:
03.01.2016