Категории

Неколку работи кои секоја жена треба да ги направи за себе за да има среќен и исполнет живот

Ова се неколку работи кои треба да ги ставите на вашата листа со приоритети и да ги воведете во вашата секојдневна рутина, ако се сакате себеси.

Ако ве прашаме што би направиле за себе, сигурно вие ќе изберете некоја масажа, козметика или пак нова фризура. Сепак, ако размислите подлабоко, постојат многу подобри работи кои ги изоставате во секојдневното брзање или ги одложувате за подоцна. За подобро да функционирате во секојдневниот живот, во работната средина и во љубовта, време е следниве работи да ги ставите на вашата листа со приоритети.

Време поминато без паметни телефони

Многу од нас не го користат телефонот само во текот на денот, туку и долго време по завршувањето на дневните работни обрски. Освен што многу време поминуваме на социјалните мрежи, често читаме, проверуваме меил и долго комуницираме со нашите пријатели. Зарем не е подобро времето поминато на телефон да им го подарите на вашето семејство?

Време поминато со пријателите

Редовни дружења со вашите пријателите се нешта кои треба да ги правите почесто. Не се работи за време поминато во најмодерни места, туку во обичен кафич или пак дома. Важна е дружбата!

Време само за себе

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Одредете дел од денот во кој ќе се оттргнете од работата и телефонот. На почетокот одвојувајте само по 15-тина минути, а потоа прилагодувајте го времето со обврските. Исто така, вежбањето е одлично за здравјето, изгледот, но и за да се опуштите. Го намалува стресот и ви помага да се релаксирате. Доколку сте преплавени со негативна енергија, запишете се на пилатес. Доколку сакате да се опуштите, посетете го најпознатиот пилатес центар кај нас, PowerHouse Pilates и дозволете да се вљубите на прв поглед. Пријатната атмосфера, позитивната енергија која владее таму и професионализмот на инструкторките кои ќе ве научат правилно да го обликувате своето тело со изведување на многубројните вежби на вистински начин, ќе ве натера да одлучите да ги промените своите животни навики и да започнете да се грижите за себе и своето тело.

Разговарајте со луѓе

Секој од нас, дури и на работа, секојдневно поминува низ луѓе кои не ги познава доволно. Но, после краток разговор сфаќаме колку сме поврзани со нив, повеќе отколку што сме очекувале. И кога напуштаме некоја работа, воглавно жалиме за само една работа – луѓето со кои го поминавме времето.