Категории

Неколку совети за успешен брак

 До пред извесно време реченицата “додека смртта не не раздели“ делуваше како остварлива цел, делумно затоа што разводот беше табу тема, денес сме свесни дека бракот е проект на кој треба да се работи, односно дека треба да се чува и негува.

Стресното секојдневие и недостигот на енергија се дел од најголемите непријатели на здравиот и успешен брак.

Затоа денес ви нудиме неколку совети со кои треба да ја негувате брачната врска и кои треба да се применат без разлика колку сте долго заедно.

1. Организирајте од време на време “романтично бегство“

Квалитетното време поминато во двојка далеку од секојдневните грижи ќе го одржи бракот онаков каков што сакате да биде. Тоа не мора да биде некоја скапа дестинација, туку место на кое ќе си се посветите еден на друг.

2. Слушајте го партнерот

Еден од најголемите подароци кои можете да му ги дадете на вашиот партнер е внимателно да го слушате. Вие треба да бидете личност со која вашиот партнер најмногу разговара, па затоа потрудете се да го слушате кога има потреба да сподели нешто со вас.

3. Негувајте ја довербата

Бракот се темели на доверба. Секако постојат и други фактори но довербата е основната работа која врзува.

4. Прифатете го фактот дека е ок понекогаш да се карате

Препреките се исто така составен дел од бракот и околу тоа нема дилема. На секој пар му се случува да не се сложува околу некои прашања и тоа често доведува до кавга.

5. Изјавувајте си меѓусебно љубов

Претпоставката дека вашиот партнер до сега знае дека го сакате е точна но тоа не значи дека нема потреба да му кажувате дека го сакате.

6. Одржувајте ја романтиката во бракот

Кога романтиката ќе исчезне од бракот е навистина тажен момент. Тогаш има големи шанси да се појават разочарувања и да се оддалечат партнерите еден од друг. Затоа потрудете се да ја држите искрата меѓу вас.

7. Носете бурми

Меѓу младите парови се почест е трендот бурмите да не се носат. Но тоа мало парче накит има свое значење, а тоа е дека ве потсетува на ветувањето кое сте му го дале на партнерот.

8. Кажувајте си благодарам

Едно од најчестите обвинувања меѓу паровите е дека партнерот ги зема здраво за готово.

Голем број на луѓе забораваат да се заблагодаруваат кога се во брак. Тоа може да доведе до сериозни проблеми.

Затоа кажете благодарам следниот пат кога вашиот маж ќе направи нешто за вас. Ако направите да почувствува дека неговиот труд се почитува верувајте дека и во иднина ќе прави многу повеќе за вас.

Прегледи:
635
Објавено на:
05.09.2016