Категории

Неколку знаци дека поранешниот сака да му се вратите

 Прекинот на врската често знае да направи да се чувствуваме безнадежно, фрустрирано и не тера да размислуваме за завршената врска како за изгубено време.

Но, колку сето тоа и да звучи лошо, раскинувањето со себе носи една тајна која очигледно не ја знаат сите, а тоа дека секое раскинување не е конечно.

Ги анализирате пораките на сите можни средства за комуникација од почеток и од почеток и се прашувате “дали тој сака да се смириме?“

Постојат повеќе начини да се соочите со ова прашање. Можете да се излудите барајќи скриени пораки на пораките или да ги замарате пријателите да се распрашуваат за вас. Или пак можете да останете мирна и да ги чекате знаците од самиот извор.

Доколку вашиот поранешен го прави следново, имате одговор на вашето прашање и тој гласи “да, тој сака да се смирите“.

# Се распрашува за вас…сака да види дали сте добро и тоа го направил еднаш или два пати што е сосема нормално. Но ако тоа го прави често значи дека кај него постојат уште емоции за вас.

# Ви се јавува за да ве праша се и сешто…видете, партнерите кои навистина сакаат да ја завршат врската не контактираат.

# Често се среќавате…ако живеете во ист крај секако дека од време на време ќе се сретнете, но ако забележите дека налетувате на него премногу често тогаш верувајте тоа се случува бидејќи сака да се сретне со вас.

# Тој се однесува како што се однесувал на самиот почеток…повеќето врски имаат убав почеток во кој е се убаво и сјајно. Потоа партнерите добро се запознаваат и се соочуваат со реалноста. Ако забележите дека вашиот поранешен се вратил во таа прва фаза и се однесува романтично со вас тогаш е повеќе од јасно дека сака втора шанса.

# Сака да се промени…ако забележите дека тој работи на себе, односно на нештата кои биле пречка во врската верувајте дека го прави тоа за вас.

Најсигурниот начин за да се уверите дека тој сака да се смирите е и наједноставниот, а тоа е наместо да читате скриени знаци е самиот да ви го признае тоа.

Прегледи:
496
Објавено на:
28.06.2016