Категории

Нема да ви се верува, но оваа храна ве прави попаметни

Намирници кои му помагаат на вашиот мозок да функционира подобро

Кога ќе слушнеме дека нешто е здраво за нашиот организам, често тоа не асоцира на безвкусна и немасна храна. Но овој пат ви откриваме дека некои од омилените намирници се всушност одлични за нашиот мозок. Она што е уште подобро е што се достапни насекаде, и можете да ги конзумирате на дневна база.

Шумско овошје
Сакате јагоди, боровинки, капини? Одлично! Баш ова овошје прави чуда за вашиот мозок и здравје. Водачот на академијата за нутриционизам и диетална исхрана, Џинер Хултин, изјави дека големата студија открила дека жените кои ги конзумирале горенаведените намирници, имале многу послаб пад на когнитивните функции. Овие плодови се особено богати со антоцијаними – антиоксидански кои влијаат врз помнењето.

Темна чоколада
Ако не можете да замислите ни ден без коцки чоколадо, ви ја откриваме најдобрата вест. Неколку студии покажаа дека тоа е здрав десерт кој помага во јакнењето на мозокот, когнитивните функции и го намалува ризикот од деменција и го подобрува перформансот на активностите кои бараат користење на меморијата.

Риба
На нашиот мозок му се потребни многу омега-3 масни киселини за да може да остане здрав. Рибите се богати со овие маснотии, како сардините, лососот кои се одличен избор.

Вино
Иако не припаѓа во категоријата храна, се открива дека виното придонесува за работата на мозокот. Невростручњакот Гордон Шеперд, од универзитетот Yale, тврди дека пиењето вино ги активира мускулита на јазикот и рецепторите за вкус, и ја подобрува работата на мозокот повеќе отколку решавањето на математички задачи или слушање класична музика.

Прегледи:
544
Објавено на:
15.11.2019