Во љубовта нема правила, освен едно кое повеќе се смета за темел на секој однос: Дајте си слобода еден на друг!
Во љубовта нема правила, освен едно кое повеќе се смета за темел на секој однос: Дајте си слобода еден на друг.
Човек е роден да биде слободен, и само во слобода може да расте и да се развива. Кога еден на друг ќе си ставите окови, тогаш сте осудени на пропаст.
Да си дадете слобода значи да ја откриете суштината на љубовта а тоа е дека никој не поседува никого, никого не можеме да го врзиме за себеси, а само во слободата можеме да си припаѓаме еден на друг.
Нема љубов без слобода, нити вистинска слобода без љубов. Тоа е она што ја прави љубовта.
Кога некого врзувате за себеси, вие полека ја давите неговата душа, и го земате воздухот потребен за таа да расти и да се развива, и ја одземате силата, таа венее, пропаѓа, ја снемува.
Не плашете се од љубовта која е слободна, само таа со себе носи доверба, и вистинска среќа. Само во слобода таа може да цвета и да се разгранува, да ги достигне сите врвови и цели и да стане бесконечна. Само така ќе можете да израснете цврсти корени и да ги надминете сите бури и невремиња.