Доколку сте во доцните 20-ти или во раните 30-ти години, вашите родители сигурно барем еднаш ве прашале „Кога ќе ми родиш внучиња?“. Сега конечно можете да им го дадете одговорот на тоа „непристојно“ прашање. Според неодамнешните истражувања спроведени на Универзитетот во Јужна Калифорнија, научниците утврдиле дека најдобро е да се роди дете по 35 години, бидејќи тоа ги подобрува психичките способности на мајката.
Истражувачите испитале 830 жени во постменопауза и ги тестирале нивните вештини за планирање, визуелна перцепција, вербална меморија, концентрација и внимание. Тие дознале дека жените кои го родиле првото бебе по 24 години покажале подобри резултати на тестовите за психичка острина, решавање проблеми и вербални вештини во споредба со оние кои станале мајки на возраст помеѓу 15 и 24 години. Жените кои го родиле нивното последно бебе по 35 години имале подобра вербална меморија и когниција.
Зголемувањето на моќта на мозокот е последица од покаченото ниво на хормоните естроген и прогестерон, кои се лачат за време на бременоста. Со други зборови, тоа значи дека кога ќе забремените почнувате да поседувате еден вид супермоќи кои стануваат сѐ посилни како што стареете. Ова се одлични вести за сите жени, се согласувате?
Тоа што вашите пријателки од средно училиште имаат по две деца и се венчале неколку месеци откако дипломирале не значи дека вие сте го пропуштиле возот. Сите имаат различен тајминг, така што нема вистинско или погрешно време за да се основа семејство.
Одлуката дали ќе имате деца или не е ваш личен избор и не би требало да биде определена од околности како што се вашите години и брачен статус. Можеби чувствувате притисок да се смирите и да почнете да размислувате во таа насока, но нема потреба од брзање.
Освен тоа, прво треба да размислите дали можете финансиски да си дозволите поголемо место за живеење и дали работата што ја имате би ви дозволила да поминувате доволно време со вашето дете, ако сериозно сакате да забремените. Иако работите не се целосно под ваша контрола кога станува збор за раѓањето деца, постојат стотици работи кои се поважни од вашите годни.
Ваше тело, ваш живот. Само вие знаете кога ќе бидете вистински подготвени за таков голем чекор.
Извор : kafepauza.mk