Категории

Немој никогаш за пораснеш, тоа е замка! Најубави цитати за негување на детето во нас

Овие цитати ќе ве натераат да го разбудите заспаното дете во вас и повторно да гледате на работите околу себе со насмевка и љубопитност!

1. Постојат два начини да го живеете животот. Првиот е да верувате дека чудата не постојат. Вториот е да верувате дека сѐ што се случува е чудо. (Алберт Ајнштајн)

2. Хуморот не е за секого. Тоа е за луѓето кои сакаат да се забавуваат, уживаат во животот и сакаат да се чувствуваат живи. (Ен Вилсон Шаеф)

3. Секое дете се раѓа како божество. А потоа се спушта на ниво на човекот. (Симон де Бовоар)

4. Најважната активност во животот е мазењето. Немој никогаш да пораснеш – тоа е замка! (Слава Палуњин)

5. Возрасните мора да научат од децата како да не размислуваат за минатото и иднината, туку да живеат во секогашноста. (Непознат автор)

6. Да се биде дете во душата е најдобар начин да живеете со полн здив, без разлика колку години имате. (Од стрипот Гинтам)

7. Ако срцето ни е полно со љубов, секој кого ќе го сретнеме ќе ни биде брат или сестра. Така живеат децата – едноставно и природно прифаќајќи ги другите. (Далај Лама)

8. Како растеме, стануваме посериозни, а ова е, ќе се осудам да кажам, првиот чекор кон станување глупави. (Џозеф Едисон)

9. Колку сум постар, толку помалку верувам дека мудроста доаѓа со годините. (Пол Маккартни)

10. Секое дете е уметник. Тешко е да останеме уметник кога ќе пораснеме. (Пабло Пикасо)

11. Не престануваме да си играме затоа што сме постари, туку сме постари затоа што престануваме да си играме. (Џорџ Бернард Шо)

Прегледи:
1556
Објавено на:
29.10.2019