Категории

Необична уметност…создава слики со оган

Уметност со оган, тоа е уникатната вештина на уметникот Steven Spazuk последниве 16 години.

Познат како „огнениот артист“ тој создава објекти на платно со помош на оган, техника позната како фумаж (fumage).

Spazuk секако истакнува дека тој не ја измислил оваа техника, таа е веројатно користена и во праисториско време за да се создаваат цртежи на ѕидовите на пештерите.

Има уникатна визија и креација со која го привлече вниманието на публиката, а неодамна ја започнал неговата соработка со Zippo.

Неговите најнови дела биле неодамна изложени во Бостонската Галерија Adelson Galleries, на кои дела е претставена кревкоста на светот. Многу од делата се насочени кон птиците и нивниот деликатен изглед, кој тој умешно го пренесува.