Категории

Неправилниот начин на исхрана има негативни ефекти на физичкото и менталното здравје

Едно истражување спроведено во Универзитетот во Хелсинки покажа дека неправилната исхрана кај младите има долгорочни негативни последици.

Испитаниците кои биле дел од истражувањето се изјасниле дека неправилната исхрана влијае на нивната тежина, на обемот на струкот, но и на нивното ментално здравје.

Резултатите од истражувањето покажaле дека нарушената исхрана има негативно и штетно влијание на физичкото и менталното здравје на младите луѓе, на краток и долг рок. Со цел да се ублажат овие долгорочни негативни ефекти, треба навреме да се признае оваа болест.

Исхраната е пореметена кога личноста самата одлучува кога е гладна или сита, без оглед на тоа како се чувствува. Исхраната може да се смета и за пореметена доколку личноста прецизно го планира секој оброк однапред, ги смета калориите и ја мери храната, ако е на строги диети или доколку исклучува одредена храна од своите оброци, тврдејќи дека дека го прави поради здравствени причини.