Категории

Нереални очекувања кои мажите ги имаат од девојките

Секој од нас има одредени очекувања од својто партнер. Некои се реални, но некои се и сосема нереални. Дали тие настанале како причина од совршените мажи и жени со кои секојдневно сме бомбардирани од страна на таблоидите, или се тука поради нашиот стремеж да бидеме со некој кој ги исполнува нашите соништа?

Во секое општество постои одреден вид навики на појави и случувања. Навика на перцепција на одреден вид на луѓе, однесувања и гледања на нештата, доведува до тоа сите или повеќето да имаме исти очекувања. Не се работи за тоа дали гледаме во нештата околу нас. ТИе во голема мера ни се сугерирани како треба да изгледаат и пред да ги видиме.

Кои се нереалните очекувања кои денешните мажи ги имаат од своите жени/девојки?

Очекуваат да изгледаат совршено штом ќе ги отворат очите
Драги дами, не шминкајте се кришум додека тој мисли дека спиете за да изгледате фантастично кога ќе ги отвори очите. Навистина нема потреба од тоа. Иако со шминка и совршена фризура изгледате божествено, треба да му пружите прилика на својот маж да ве засака во природно издание.

Сакаат згодна девојка со облини која е и воедно витка како манекенка
Одлучете се. Не можеме да бидеме и едното и другото во исто време. Но она што сме, ви е на дофат на раката. Мал е бројот на обични девојки кои не се супер модели, имаат совршени облини и околу 50кг. На крајот на краиштата нити вие од него не очекувате да биде атлетски граден и да има мускулна маса како бодибилдер, зарем не.

Очекуваат да бидат сиот ваш свет
Секоја девојка која се грижи за својот сакан ќе се погрижи тој да не се сомнева во нејзината љубов иако во нејзиниот живот постојат и други луѓе кои ги знаела и пред него. Најмногу му сметаат вашите машки пријатели. Ако недај Боже некој од нив е ваш бивш дечко, е тогаш не можат нити да го замислат. Заради стабилна врска тие ќе очекуваат да раскинете со сите ваши конекции кои не им одговараат.. Не го правете тоа во никој случај.

Сака да му ги читате мислите
Иако женската интуиција е нејзиното најсилно оружје, жената навистина не умее да ги чита мислите на својот драг, ма колку и тој да верува во тоа. Иако кога некој го познаваме доволно во голема мера можеме да претпоставиме што сака, со сигурност не можеме да тврдиме дека тоа е во 100% од случаите.

Прегледи:
521
Објавено на:
18.09.2020