Категории

Нешта кои една дама НИКАКО не смее да ги прави во јавност

Колку и да ја сакаме практичноста и штедењето на време, овие нешта се прават исклучително кога сте сами или на предвидените места, никако во јавност.

Модерниот начин на живот изобилува со обврски, па едвај успеваме да постигнеме се на време, затоа ги пропуштаме некои детали.
Но тие детали се исклучително важни – не постои жена која би сакала гордо да шета со излупен лак за нокти или полуизбришан кармин, па наместо тоа се обидуваме да се „снајдеме“ и не бираме нити место нити време.

Но овие нешта едноставно е недолично и невкусно да се прават во јавност, особено за една дама.

1.Лакирање нокти
Иако делува како практично решение да ги налакирате ноктите во канцеларијата или кафичот додека го чекате своето кафе, тоа е едноставно недозволиво. Мирисот на лак не му годи на секому и никој од нас не смее да прави нешто што би му наштетило на некого.

2.Пробување облека надвор од кабината за пресоблекување
Постојат одредени правила кои би требало да се почитуваат во продавниците за облека. Ако е во прашање капут или јакна, тие парчиња можете да ги пробате било каде. Сето останато мора да се пробува во кабината, сигурно не сакате останатите купувачи да го гледаат вашето тело, а не го сакаат ни тие тоа.

3.Местење на фармерките околу интимната зона и местење на прерамките од градникот
Овие детали треба да се извршуваат дискретно. Нема потреба да се објаснува зошто.

4.Ставање на ташната на маса
Местото на ташната и е на столицата или зад вас, никако на масата каде што ќе јадете вие и вашите пријатели.

5.Чешлање било каде надвор од тоалетот
Колку и да сте внимателни, влакната летаат насекаде, дури и кога не забележувате. Никој не сака да гледа туѓи влакна, а уште помалку да завршат на неговото палто или столица.

6.Сечење на нокти или кубење на веѓи
Ако тоа не сте го направиле дома, не морате ни сега. Почекајте да пристигнете дома. Едноставно е дегутатнто да се види некој како ги сече ноктите или ги кубе веѓите на јавно место.

Сосема е во ред да го поправите карминот додека чекате келнерот да ви ја донесе сметката, но наспроти тоа поправањето на пудрата, маскарата и слично не е хигиенско нити другите се должни да го гледаат тоа.

Прегледи:
994
Објавено на:
13.04.2020