Категории

Нешта кои го нервираат вашиот сакан во врска со вашата мајка

Мислите дека случајно се појавиле толку многу вицови на сметка на зетовите и бабите?

Не заборавајте каде има чад таму има и оган.

Еве што најмногу го нервира вашиот партнер, а е поврзано со вашата мајка…

# “Суптилниот“ начин на кој на семејниот ручек се обидува да дознае дали наскоро планирате да се венчате.

# “Симпатичните ситници“ за дом кои постојано ви ги подарува.

# Нејзиното куче (кое му личи на агресивна верверичка) бидејќи секогаш кога ќе дојде лае на него .

# Кога раскажува за тоа како некогаш мажите биле многу поголеми џентлмени од денес.

# “Спуштањето“ на негова сметка за излегувања со машко друштво од типот “Јас не би го пуштала, душо ти се премногу добра“.

# Нејзиното секојдневно јавување. Не му е јасно што ново имате да си кажете секој ден.

# “Духовитите“ забелешки на сметка на неговиот изглед.

# Споредувањето со супер успешниот син на нејзините пријатели кој е директор во некоја компанија (и кој никогаш не го прежали како несуден зет).

Прегледи:
377
Објавено на:
11.04.2016