Категории

Нешта кои ќе го оддалечат од вас – Овие грешки го одбиваат спротивниот пол

Мажите обожаваат атрактивни девојки, но поради овие грешки тие можат да останат студени.

Зависна од комуникација
Нема да ви пријде ако висите на телефон и пишувате цела вечер. Местото на телефонот е во ташната, исто важи и за слушалките.

Претерано отворена
Жените вопоставуваат врска за да го отворат срцето, а мажите сакаат малку мистерија. Наместо веднаш да ги откриете сите тајни, започнете конверзација со нешто како: „Тоа е еден од најубавите часовници кои сум ги видела. Постои некоја приказна позади него?“

Преголемо женско друштво
Тие знаат дека секоја жена која е во ваше друштво ќе ги одмерува и заеднички ќе ги прокоментирате кога ќе заминат. Со други зборови, колку повеќе другарки со вас – можноста за негова грешка е поголема затоа што повеќе жени значи и повеќе критериуми кои мора да ги задоволи.

Тој го завршува разговорот, засекогаш
АКо тој морал да ја каже последната реченица, значи дека не сте му оставиле пристоен простор да ве праша за број на телефон.

Прегледи:
704
Објавено на:
25.11.2020