Татковците учат од ќерките лекции вредни живот!
Таткото учи како да слуша
„Научив да ја ценам моќта и убавината на женскиот глас. Кога мојата ќерка гласно приговара кога ќе согледа некоја неправда направена на некоја жена. Нејзиниот бес ја придвижува. Научив. Знам како е да биде стишен нејзиниот глас кога ќе ја прекорам, но тоа не треба да биде така. Женскиот глас треба да биде чуен, таа смее да возвраќа, силно и храбро!“
Таткото учи дека на неговата ќерка не му треба маж кој ќе спаси
„Животот му приреди многу предизвици на моите ќерки а јас никогаш не можев да стојам на страна и да гледам како патат. Секогаш сакав да им пријдам и да бидам нивниот суперхерој кој ќе ги спаси. Но никогаш не би ми го дозволиле тоа. Станаа многу силни. Кога една од моите ќерки доби синови, често се чувствуваше заробена. Тогаш видов, дека во нејзиниот живот не е потребен херој. Таа може да спаси себеси, и треба!“
Таткото учи дека одлучноста може да те одведи до секоја цел
„Кога ќерката сака нешто да направи, тоа и се случува. Така и мојата ќерка заврши факултет, претходно добиваше стипендија а на крајот ја чекаше и одлична работа. Но освен тоа, сакаше да биде мајка и сопруга. Немаше доволно време за сето тоа, но она што го постигна со сопствената одлучност, ме инспирира и самиот да направам нешто повеќе.“
Таткото учи како страста се претвора во реалноста
„Една од моите ќерки гореше од желба да му помага на младите девојки. Сакаше да ги охрабрува, да се соочуваат со предизвиците и тешките ситуации, да се борат за она што е исправно или барем да се обидат во тоа. Сакаше да се гордеат со своите доблести. Имаше сон, голем сон, и знаеше како да успее во тоа. Создаде едно здружение во кое се приклучуваа млади девојки кои се бореа да ја искажат својата храброст, и успеа во тоа.“
Таткото учи како да ја преболи загувата
„Кога моите ќерки беа заедно, животот беше како во сон. Но кога еден ден една од нив веќе не беше тука, се се претвори во покол. Мојата болка беше предлабока, немаше крај. Со текот на времето станав способен да научам од нивната цврстина, тие ја прифатија болката и научија да живеат со неа. А јас морав да им бидат поддршка во тоа. Го започнавме животот од почеток, ништо повеќе не беше исто, но тоа беше живот.“