Категории

Нешта кои жените мораат да ги знаат за мажите кога се во прашање врските

Драги дами пред да доживеете уште едно разочарување, треба да бидете свесни за овие нешта кога се во прашање мажите и врските.

Тој не ги чита вашите мисли
Во односите со мажите, многу жени забораваат едно важно нешто – ова е личност од друг пол. И покрај присутноста на заеднички интереси и взаемна симпатија, вие ги перцепирате истите нешта поинаку. За вас сексот можеби значи нешто сериозно, додека за него е само забава и начин добро да се помине времето, или обратно. Пред да се навредите поради неговото однесување или извлечете заклучоци, зборувајте отворено за приоритетите, без ултиматуми и притисоци. Наједноставниот и најдобриот начин е едноставно да зборувате за нештата кои ги сакате или не ги сакате.

Мажите исто така имаат емоции
Поимот за мажите како оштри, безчувствителни и крајно едноставни суштества е крајно стереотипен како и уверувањето дека жените се хистерични и неспособни да размислуваат рационално. Тој исто така може да има лошо расположение, лош ден, сомнежи и стравови. Во односите е важно да научите да не ја земате лично секоја негова реакција.

Неколку состаноци не гарантираат долга врска
Обидете се да не градите кули во облаци во главата и да не фантазирате за тоа како би ги именувале децата после првиот состанок. Тоа ќе ви помогне да ги избегнете разочарувањата.Уживајте во мигот и не грижете се за секоја ситница. Високите очекувања ги плашат мажите. Односите би требало да започнат со леснотија а не со тврдења.

На секого му е потребен личен простор
Без оглед на тоа колку сте блиски, тоа не е причина да ги прекршувате личните граници на човек. Обрнете внимание на кои теми зборува без задоволство, како реагира на вашите прашања. Сите имаме различни комуникациски потреби. Ако партнерот ви делува премногу затворен и предизвикува недоверба кај вас, разговарајте за тоа и не се обидувајте да продрете во сите области од неговиот живот.

Прегледи:
452
Објавено на:
24.02.2020