Категории

Нешта кои жените не ги делат ниту со својот партнер

И така треба да остане!

Покрај четката за заби, постојат и некои нематеријални нешта кои би требало да ги чувате за себе и да не ги делите со другите.
Врските се темелат на довербата, но ако некои нешта ги зачувате за себе нема да му наштетите на никого.

Килограми
Иако сте виделе дека некои девојки кои се бават со фитнес гордо ги откриваат своите килограми на Инстаграм, поголемиот дел од жените оваа бројка повеќе сакаат да ја задржат за себе. Дамата сепак не се прашува за години и килограми, зарем не?

Број на партнери
Ретко која жена, со активен сексуален живот, ќе открие со колку мажи спиела. Тоа ни никој начин не може да влијае на нејзината врска или на било што друго, освен ако не се „изгорела“.

Апетит
Понекогаш на жените им е непријатно да кажат дека и после обилната салата се и понатаму гладни. Тоа повеќе се однесува на почетокот на врската или дејтингот пред овој проблем да исплива на површина.

Способност во „машките“ работи
Ако го поседува потребниот алат, речиси секоја жена ќе успее да го склопи било кое парче мебел. Некои жени тоа нема да им го признаат на посилната половина само за да не ја намалат неговата улога на маж во домот или во нивните очи да останат нежни и женствени.

Незадоволство после секс
За да не го уништат егото на мажот, жените во главно ќе премолчат лоши мигови и тоа дека не се во целост задоволни. Другиот пат ќе биде подобро.

Прегледи:
407
Ознаки:
· · ·
Објавено на:
24.12.2019