Категории

Нешта кои жените НИКАКО не треба да ги прават за мажите

Дали се пронаоѓате во некое од нив? Ако да, не ни помислувајте повторно да си го дозволите тоа!

Зрелата и сериозна врска бара компромиси, но разбирлив компромис секако.
Истражувањата на личноста на мажите и жените покажува дека постојат одредени, иако не толку воочливи разлики меѓу нив.
Една детална студија спроведена на дури 23 илјади мажи и жени покажала дека без оглед на местото на живеење, социјалниот статус и старост – сите жени себеси си ги препишуваат таквите особини како што се искреноста, дружељубвоста, сочувствувањето како и склоноста кон искушенија и ансиозност.
Мажите, се опишале себеси како упорни, рационални и отворени за нови искуства и идеи.
Како што гледате, централно место во животот на жените завземаат емоциите. Нив комуникацијата им е потребна повеќе отколку на мажите.
Компромисите се неопходни за здраво и успешно фунцкионирање на една врска, но треба некаде да се повлече граница.
Ова се најважните нешта кои НИКОГАШ не смеете да си дозволите да ги направите за еден маж, без оглед на тоа колку е тој величествен.

Да се откажете од своето куче
Ако вашиот дечко или маж е алергичен на куче, тогаш нека оди на лекар и нека земи таблети против алергија. Вашето куче е покрај вас многу пред да се појави вашиот партнер, тоа подеднакво ако не и повеќе ја заслужува вашата љубов, но и љубовта на вашиот маж ако тој навистина ве сака вас и се грижи за вашата среќа.

Да бидете постојано на диети
Тоа што јадите здраво и одите во теретана е за пофалба. Но ако сте само на вода и на салата по цели денови затоа што вашиот маж не сака „дебељуци“ – тоа е веќе дијагноза. Своето здравје не смеете никако да го загрозувате заради нечии преференции.

Да родите дете само заради тоа што вашиот маж го сака
По сите правила парот треба да седне и заедно да се договори за тоа дали сака дете или не, и кога точно го сака. Ако сеуште не се чувствувате спремни да родите дете, тоа морате да му го кажете на партнерот. Нема во тоа ништо срамно.
Никогаш не смеете да родите дете само за да му угодите на партнерот, таа одлука носи свои последици.

Да се облекувате онака како што вашиот маж сака
Вашата гардероба е ваш избор. Никако не смее да ви се меша во тоа што ќе облечете и кога. Тоа е одраз на вашата личност и карактер, никој нема право да ви се меша во вашиот избор на гардероба а најмалку партнерот.

Да се тетовирате заради него
Можеби изгледа интересно да го истетовирате неговото име и датум на раката, но што ако утре раскинете или се разведете? Тој ќе ви стане непријател број 1 а што ќе правите со рака? Ќе ја отсечите? Тетоважите траат доживотно и тешко дека ќе можете да ги прекриете, направете го тоа само ако сте абсолутно сигурни дека никој и ништо во животот нема да ве раздели и ќе бидете заедно засекогаш.

Да дозволувате да ве контролира
Не им се правдате на своите родители, зошто тогаш да му се правдате на мажот? Тој нема право да го знае секој ваш чекор, секој ваш повик на телефон, за кафе или со другарка.. Вие не сте му сопственост!

Да ги плаќате сметките во кафичи и ресторани секогаш
Може да се случи тој да го заборави новчаникот дома, но стално да плаќате за кафиња и ручеци е веќе знак дека покрај вас се наоѓа паразит.

Да се правите дека сте глуми
Му смета тоа што сте паметни и информирани? Па нека оди по својот пат. Глупите мажи сакаат глупи жени, тоа е општо познат факт.

Да ги избегнувате своите пријатели
Ја знаете ли онаа изрека: Партнерите доаѓаат и си одат, но пријателите остануваат засекогаш.

Зрелата и здрава врска бара комрпомис, но разумен. Не морате да се прекривате со тетоважи, да гладувате и да ги избегнувате луѓето за кои ви е грижа само за вашиот маж да е задоволен.
Компромисот и угодување се две различни нешта, запаметете го тоа!

Прегледи:
469
Објавено на:
13.10.2019