Категории

Нешта од кои не смееше да се откажеш поради врската

Врската подразбира откажување, но постои голема разлика помеѓу компромис и нешта на кои едноставно мораш да инсистираш.

Во прилог ви ги претставуваме нештата од кои не смеете да се откажете поради врската:

# Својата женствена енергија

Некои мажи едноставно не знаат да се носат со се што една жена внесува во врската па се обидуваат да и објаснат дека не смее да се однесува како “типична жена“.

Под тоа мислат на вашите емоции кои понекогаш внесуваат одредена доза на драма во врската, но е сфаќаат дека токму женските емоции ја прават врската побогата.

# Своето слободно време

Секако дека ќе поминете многу време со своето момче, но ако имате партнер кој ви замерува што имате многу пријатели и инсистира да поминете помалку време со нив, најверојатно значи дека е време да барате ново момче.

# Своите соништа

Врската секогаш бара компромис, но ако имате сонови и нешта во кои верувате, немојте да ги ставате во втор план за да бидете “добра девојка“. Подобро побарајте добро момче кое ќе ве подржува во вашите сонови.

 

Прегледи:
278
Ознаки:
·
Објавено на:
17.05.2016