Категории

Нешта околу кои жените премногу се трудат а мажите воопшто не ги забележуваат

Општо земено, жените им придаваат многу поголемо значење на малите нешта отколку мажите.

За мажите не е важно дали сте добиле неколку килограми вишок или бојата на косата не е баш онака како што посакувавте. Единствено што им е важно е да ги сакате безусловно и да сте тука за нив без оглед на тоа што се случува. Откриваме кои се седум работи што мажите воопшто не ги забележуваат кај припадничките на понежниот пол.

Недепилирани нозе
За мажот навистина не е важно дали редовно ги депилирате нозете. Може да забележите дека мали „трње“ почнаа да излегуваат од кожата, но за него тоа воопшто нема да биде важно. И дури и ако се „опуштите“ неколку дена, сигурно ќе му биде многу поважно редовно да има ручек на маса и „вечера“ во кревет.

Ако не носите шминка
Сигурно сте многу поубави за него без шминка. Како и да е, тој и онака не знае за што служат половина од тие работи во женскиот несесер.

Која големина облека носите
Мажите едвај знаат која големина маица носат, па како тогаш ќе ја знае вашата. Единствено што е важно е да му се допаѓа како изгледате, без разлика дали носите XS или XL големина. Знајте дека за вкусовите не вреди да се дискутира.

Долна облека
Фактот дека жените секогаш се грижат за тоа секогаш да имаат гаќи и градник во иста боја, тоа на мажите воопшто не им паѓа на памет. Единствено што им е важно е кога сте со него да „останете без нив“.

Дали редовно правите маникир
Тој веројатно дури и не ја знае разликата помеѓу природните нокти или оние направени од козметичар. И тој ќе забележи нов „француски“ маникир само ако му го покажете.

Како сте облечени
Што се однесува до него, слободно облечете го она во кое што најдобро се чувствувате. Па, не премногу кратко здолниште што покажува повеќе отколку што крие. На мажите и онака им изгледате најдобро во тесни тренерки што ги носите додека ги правите вообичаените домашни работи.

Прегледи:
671
Објавено на:
09.02.2021