Категории

Нешто кое жените го сметаат за неверство но за мажите нема никакво значење

Не е добро чувството да ве измами сакана личност. Додека за многумина е целосно јасно што се смета за прељуба, за други таа граница не е толку јасна. И се чини дека мажите и жените навистина нема да се согласат каде е границата.

Едно истражување покажа поразителни резултати според кои 49% од мажите веруваат дека бакнувањето со друга личност не е неверство. Ова се однесува на страствениот бакнеж што обично се разменува на почетокот на врската. Истражувачите на БиБиСи испитале 2.000 луѓе за нивните односи и однесување во врската. Повеќе од половина од испитаниците, дури 51 процент од нив, не го сметаат сајбер-сексот со други луѓе за измама, пренесуваат медиумите. Сепак, експертот за семејство и врски, д-р Фран Волфиш, не се согласува со посилниот пол.

Мажите чувствуваат голема вина кога прават нешто за што знаат дека не е во ред и не можат да го поднесат тоа, па затоа ги рационализираат работите за себе, за да се осигурат дека на крајот на краиштата не прават ништо лошо. Но, кога би ги прашале жените, како што ги прашале истражувачите, би се погрижиле да не гледаат на тоа со истите очи. Повеќе од 70 проценти од нив сметаат дека ова е измама.

Особено што постојат измами од различни видови – емотивни, физички, сексуални ако го сторите тоа со некој со кого не сте во врска, нагласува д-р Волфиш.

Прегледи:
674
Објавено на:
19.04.2021