Категории

Неверојатен подвиг: Дејан Тодевски го искачуваше водно 24 часа, помина вкупно 83 километри

Познатиот македонски планинар Дејан Тодевски  кој се занимава со планинско трчање и има поминато многу трки како и  забележано многу успеси, достигна нов подвиг успевајќи да истрча 84 километри и да помине 9.585 висински метри за 24 часа.

На 14ти септември Дејан Тодевски на својот фејзбук профил го најави неговиот следен предизвик кој започна на 25ти септември во 16:00 часот, а заврши 24 часа подоцна. Неговата цел  беше да искачи што е можно поголема висинска разлика за да може високо да котира на светската листа по висинско качување. Вкупната должина на патеката што ја искачуваше е 2034,36 метри, додека пак висинската разлика на патеката е 479,27 метри и наклон од 22,88%.

Неговиот матичен клуб е Пк „Македон” кој  беше во целокупната организација, а исто така учествуваа и Планинарското друштво „Х20“, додека пак членовите на Планинарскиот клуб „Бистра“ храбро го бодреа и придружуваа Дејан кон неговата цел. За време на 24 часа, Тодевски помина 83 километри и 9585 метри висинско качување, со што „за влакно“ не ја исполни својата цел од 10.000 метри висинско качување, а мoменталниот рекорд во оваа категорија е 17.230 метри.

Дејан ти посакуваме уште многу успеси понатаму, среќа е кога се радуваме на твоите достигнувања и амбициозни предизвици во новите трендови кои се практикуваат во светот.

Прегледи:
858
Објавено на:
27.09.2020