Категории

Неверојатна трансформација! Од мини камиони во мали рајски градини

Секоја година Јапонската федерација на градинарски аранжери го организираат градинарскиот натпревар Kei Truck, на кој од мали камиони се создаваат мали рајски градини. 

Заради практичната големина и лесниот за маневрирање, минијатурниот Kei камион е широко користен во Јапонија. Тоа е причината зошто тој се користи на овој натпревар. Од година во година, учесниците се покреативни.

Често се користат традиционалните Јапонски елементи, патеки од камен, потоци и симпатични огради, а некои имаат модерен стил и минималистички изглед.
Без разлика на нивниот различен пристап, нивните креации воодушевуваат.